Најдобар во светот, но за играчите во Бундеслигата, Левандовски не е „The Best“

Роберт Левандовски вчера ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2020 година во изборот на ФИФА, но кога се работи играчите во Бундеслигата, ситуацијата е поинаква. Германскиот весник „Кикер“ најправи анкета во која учествуваа дури 270 фудбалер во Бундеслигата, а резултатите се изненадувачки.

Голгетерот на Баерн Минхен доби едвај 10 отсто од гласовите и е на третото место во изборот. Според фудбалерите во германското првенство, Лионел Меси доби 54,8 отсто од гласовите и е најдобар играч во светот. На второто место е Кристијано Роналдо со 12,6 отсто од гласовите, додека Левандовски доби 10,7 отсто од гласовите. Во Топ 5 се најдоа уште и Вирџил ван Дајк (4,4 отсто) и Килијан Мбапе (4,4 отсто од гласовите).

И тренерот на Баерн, Ханси Флик е далеку од најдобар во изборот, иако со германскиот гигант ги освои сите можни трофеи за помалку од една година. Јирген Клоп е избран за најдобар тренер со добиени 74,8 отсто од гласовите, а потоа следуваат Пеп Гвардиола (13 отсто) и Флик (4,8 отсто од гласовите).

Што се однесува до тоа кое првенство е најсилно во светот, дури 74,4 отсто од фудбалерите во Германија гласале за англиската Премиер лига, потоа на второто место ја ставиле Бундеслигата, а шпанската Примера дивисион е на третото место.

 

- Оглас -

Најнови вести