Најдобриот играч на Оукленд треба да игра 107 години за да заработи колку што е неделната плата на Хари Кејн

Баерн Минхен стигна до историска и рекордна победа од 10:0 над Оукленд во меч од Светското клупско првенство. За многумина овој неверојатен резултат е неочекуван, но кога ќе се погледнат фактите и бројките, тоа е реалноста.

Во Оукленд играат фудбалери аматери коишто имаат неделна плата од 90 долари. Колку за споредба, првата ѕвезда на Баерн Минхен, Хари Кејн, неделно заработува 503.484 долари. Тоа значи дека еден фудбалер на Оукленд треба да игра 107 години за да стигне до сумата на неделната плата што ја заработува Кејн.

Втор неверојатен факт е дека Оукленд е клуб кој е рангиран на 5.074-тото место на светот според рангирањето на „Опта“. Колку за споредба, шпанскиот тим на Кастелја кој игра во шестата лига е рангиран едно место пред Оукленд на светската листа според статистиката на „Опта“.

- Оглас -

Најнови вести