Најдобриот италијански стрелец изведе пенал поради кој Лацио сега е исфлен од Купот на Италија (Видео)

Чиро Имобиле е еден од главните кандидати за освојување на Златната копачка која се доделува на најдобриот стрелец во Европа. Голгетерот на Лацио има 23 погодоци во 19 меча во Серија А и е водечки стрелец. Сепак, ѕвездата на Лацио вечерва се посрамоти.

На гостувањето кај Наполи во четврт-финалето од Купот на Италија, Имобиле на неверојатен начин утна пенал. Наполи поведе со 1:0 со голот на Инсиње во втората минута, но само неколку минути подоцна судијата досуди удар од белата точка за гостите. Имобиле требаше да реализира, но кога требаше да ја шутне топката, голгетерот на Лацио се лизна и падна.

https://twitter.com/i/status/1219712490856120320

Овој подарок на Имобиле го искористија домаќините и ја задржаа предност од еден гол до крајот на средбата. На клупата на Наполи, целиот меч преседе нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој речиси и да не добива шанса да игра откако за тренер беше назначен Џенаро Гатузо.

 

- Оглас -

Најнови вести