Најдобриот момент во историјата на пикадото, публиката падна во делириум (Видео)

Мајкл Смит е новиот светски првак во пикадо. Во финалето, 32-годишниот Англичанец го победи Мајкл ван Гервен од Холандија со 7:4 во сетови и на тој начин стигна до својот прв планетарен трон во овој спорт.

За Смит ова беше трето финале и прва светска титула откако губеше во 2019 и 2022. Холанѓанецот остана на три титули во шест финалиња.

Дуелот за титула беше фантастичен, навивачите уживаа и направија неверојатна атмосфера која не може да се доживее на многу попопуларни спортови. Најдобриот момент од финалето беше еден лег во вториот сет. Двајцата финалисти беа на чекор од перфектно завршување на легот само по девет фрлања.

Ван Гервен имаше одлични осум фрлања, но деветото за финиш го промаши. Тоа го искористи Смит, кој со перфектни девет стрелички го заврши легот и тоа беше единствен таков момент на целиот турнир.

По овој потег на Смит, во салата се случи делириум, а фантастични беа и коментаторите.

- Оглас -

Најнови вести