Најдобриот напад ја напаѓа најдобрата одбрана во Премиерлигата

1007 Челзи – Тотенхем (17.30 часот)

Според формата и местоположбата на табелата на овие два тима, не станува збор само за лондонско дерби, туку и дуел на два кандидати за титула. Тотенхем е тим со најмалку примени голови (9), еден повеќе прими Челзи, а Челзи со 22 погодоци е најефикасен, има еден повеќе од Тотенхем. Тотенхем има четири лигашки победи по ред и оди на петта, а Челзи има три триумфи во низа. Сините не знаат за пораз уште од септември. Од 2016 не било нерешено на нивните дуели на „Стемфорд бриџ“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

3008 Наполи – Рома (20.45 часот)

Рома е во добра форма, се наоѓа на трето место со само два бода помалку од лидерот Милан. Волчицата има четири победи и реми во последните пет кола, но вечерва гостува кај незгоден тим кој сезонава не знае за нерешено. Двата тима како да се навикнаа да играат некомплетни, па долгата листа на повредени или болни и не им е толкав проблем. Рома не загубила уште од 19-ти септември. Последните четири дуели на овие ривали на „Сан Паоло“ завршија со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.55)

 

1309 Реал Сосиедад – Вилјареал (21.00 часот)

Лидерот во шпанското првенство нема да има лесна задача против Жолтата подморница, особено што кај баскијците ќе ги нема Давид Силва и Илјараменди. Вилјареал е трети на табелата, иако од десет кола, четири пати играше нерешено. Статистички, тука не би требало да има премногу голови. Сосиедад има низа од четири меча (по два во Шпанија и Лига Европа) без примен гол. Вилјареал знае да биде опасен гостин, во тоа се увери и Сосиедад во минатата и предминатата сезона кога губеше дома. Вилјареал има три победи на последните четири гостувања во Сан Себастијан.

Предлог тип: Х (3.40)

 

1958 Фенербахче – Бешикташ (17.00 часот)

Фенер влегува како фаворит во едно од најголемите турски дербија. Проблем на Бешикташ е одбраната, плус тоа вечерва во дефанзивата ќе го нема Хрватот Вида, а Фенер е втор најефикасен тим после лидерот Алањаспор. Бешикташ во последно време или победува или губи, а кога губи на гости, тоа е со барем два гола разлика. Бешикташ цели 15 години не знае за победа на лигашко гостување во азискиот дел на Истанбул.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

1809 Мајнц – Хофенхајм (18.00 часот)

Мајнц кој е тим со најслаба одбрана во Бундеслигата, во минатото коло ја извојува својата прва победа сезоната и сигурно се силно мотивирани за првпат по јуни, да слават и дома. Хофенхајм подзаборави како е да се победи во Германија, додека во Лига Европа добро му оди. Во мај, Хофенхајм победи на гости кај Мајнц со 1-0, па можеби Крамариќ и другарите ќе ја прекинат црната низа без победа на бундеслигашка сцена.

Предлог тип: 2 (2.07)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Барселона – Осасуна Т1 1+I & T1 3+ (2.30)

Милан – Фиорентина 1Х & ГГ (2.20)

Арсенал – Вулверхемптон Т1 1-2 пол. (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести