Најдобриот стрелец од Мундијалот во 2014 година ќе си замине од Европа

Колумбискиот офанзивец Џејмс Родригес реши дека е време за нови предизвици, и тоа надвор од Европа. Според најавите, Родригес, кој е слободен играч, решил да направи трансфер во Бразил и ќе настапува во тимот на Сао Пауло.

Бразил е земјата која му буди убави спомени на Родригес затоа што пред девет години на Мундијалот во оваа јужноамериканска земја тој беше најдобар стрелец. Постигна шест гола за Колумбија, кога и неговата кариера се промени на подобро.

По Светското првенство направи трансфер од Монако во Реал Мадрид, и тоа за сума од 75 милиони евра. Со Кралевите имаше договор до 2020 година, а во овој период две сезони играше позајмен во Баерн Минхен. Потоа една сезона го носеше дресот на Евертон, па замина во Ал-Рајан во Катар, па минатата сезона се врати во Европа и играше за Олимпијакос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести