Најдобриот стрелец од првенството на Словенија, Малик Татар, следната сезона ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер. Битолчани сакаат да ја вратат титулата, па веќе се формира ростерот за следната сезона, кој ќе треба да им конкурира на Вардар и Охрид.
Татар во Еурофарм Пелистер пристигнува од екипата на Шкофица, каде беше позајмен од Слован Љубљана. Поранешниот шампион на Македонија претходно се засили и со Миха Котар, Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски и Едвин Џелиловиќ, а нов тренер ќе биде легендарниот Лино Червар.

