Најдобриот тенисер на светот вовлечен во измама: Тажен сум бидејќи некој сака да ги искористи моите навивачи

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкарас, ги повика своите фанови на внимаваат на измами на поединци кои се обиделе да профитираат од неговата популарност.

Алкарас се огласи преку социјалните мрежи да ги предупреди фановите на шема на заработка во која луѓе се претставуваат како победници на Вимблдон и на тениските фанови им нуделе можност да запознавање за одредена сума на пари.

„Предупреден сум дека постојат лица кои лажно се претставуваат во мое име и на моите фанови им нудат средба за одредена сума на пари. Мојот тим и јас не стоиме зад ова ниту јас се појавувам на такви состаноци. Моите навивачи се најдобри и тажен сум што некој се обидува да го искористи тоа“, соопшти Алкарас.

Младиот Шпанец минатиот месец во финалето на Вимблдон, во трилер меч го победи Новак Ѓоковиќ со 1:6,7:6,6:1,3:6,6:4.

- Оглас -

Најнови вести