Најдобриот тим во МЛС лигата гостува кај тим кој дома не знае за пораз

ДЦ јунајтед – Њу Ингланд револушн (01.00 часот)

Тимот од Вашингтон и гостите од околината на Бостон се ривали од Истокот. Домашните загубија од Далас на 4 јули и сега Вејн Руни и другарите ќе се обидат да се вратат на победничкиот пат. „Револуционерите“ се осми, а во плејоф одат првите седум, па нив оваа средба е позначајна. Традцијата е апсолутно на страна на Ди Си, кој дома има серија од седум победи по ред против Њу Ингланд. На 25 мај кога Њу Ингланд беше домаќин, одиграа 1-1.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Хјустон дајнамо – Лос Анџелес ФК (03.00 часот)

Лидерот на Западот гостува кај Хјустон кој е седми и грчевито се бори за место во плејофот. Хјустон е еден од трите тима во лигата кои немаат пораз на свој терен. Двата тима имаат само по едно реми во последните 10 одиграни мечеви. Од последните седум меча на Дајнамо, на шест паднаа три или повеќе голови,  е единствениот лигашки меѓусебен меч на овие екипи им заврши 2-2.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.70)

 

Лос Анџелес галакси – Сан Хозе ертквикс (05.00 часот)

Домашните ќе се обидат да се реваншираат за поразот од 0-3 кој го претрпеа од „земјотресите“ на 29 јуни. Златан Ибрахимовиќ е човекот од кој се чекаат голови во мрежата на Сан Хозе, кој е шести на Западот и има три победи на последните четири натпревари. Традицијата не фаворизира никого, на тимот од „градот на ангелите“, а според резултатите, двата тима многу ретко играат нерешено.

Предлог тип: 2-3 гола (2.15)

 

Балтимор ориолс – Тампа Беј рејс (01.05 часот)

Балтимор е последен на табелата во американската лига во МЛБ, а Тампа беј е четврта, и ако се гледа само табелата, тогаш нема дилеми дека гостите се поблиску до победата. Гостите од Флорида имаат две победи по ред, и тоа над Њујорк јенкис, а интересно е што пред тоа, на почетокот на месецов, Ориолс и Рејс играа три пати и секогаш имаше 9 или повеќе поени.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

Бостон ред сокс – Лос Анџелес доџерс (01.10 часот)

Ова се два историски клуба и големи бејзбол ривали, кои немаат играно едни против други во 2019 година, а лани во октомври, Ред Сокс беа многу подобри (4 победи и еден пораз). Доџерс се лидери во националната лига, додека „црвените чорапи“ се седми во американската лига. Бостон има четири победи по ред, а Лос Анџелес три порази едноподруго.

Предлог тип: 1 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести