Тројца редови играчи во спортските обложувалници на Sport Life си добија нови превозни средства, благодарение на учеството во играта „Лето на тркала“. Акцијата се оддржуваше во периодот од 2 април до 30 мај, а обложувачите требаше да го погодат најголемиот коефицинет од посебната понуда која беше со секој нов билтен.
На крајот, Љубомир Ѓурчески од Тафталиџе е шампионот, кој го погоди најголемиот коефициент и благодарение на „Лето на тркала“ и Sport Life си доби скутер Aprilia SR50R. На второто место заврши Живко Маркоски кој се поднови со велосипед Specialized Sirrus Hybrid, додека за третопласираниот во финалната пресметка, Зоран Димовски доби електричен тротинет MI M365. Награди имаше и за четврто и петопласираниот. За 4. место на Стефан Т. му беа доделени 200.000 SL маркет поени, додека петопласираниот Тошо М. доби 100.000 SL маркет поени.
ФОТО-ФИНИШОТ ГО ОДЛУЧИ ШАМПИОНОТ
Шампионот Ѓурчески до скутерот стигна буквално во последниот момент. На последната понуда од мечевите за „Лето на тркала“, Љубомир решил да направи ливче со кое ќе го брка првото место. Во претходните денови, играл „Лето на тркала“, но немал конкурентен тикет за првите три места.
На победничкото ливче има наредено вкупно 13 мечеви од понудата и на крајот тоа било „Среќна 13-ка“.
„Уплаќав за оваа игра, но немав успех, сè до последните три дена. Кога излезе последната понуда од мечеви, решив да направам тикет кој ќе биде конкурентен за првото место. Знаев кој е потребниот коефициент што треба да го поминам за да бидам најдобар и почнав да ги редам натпреварите. Последен меч од понудата беше Ривер Плејт против Атлетико и победа на Ривер ми носеше коефициент токму колку што ми требаше за да се надевам дека може да бидат прв. Уплатив на 13 натпревари, бидејќи тоа ми е некако среќна бројка. Уште во поранешна Југославија имам погодено 13-ка на Спортска прогноза, што беше навистина реткост“, вели добитникот на највредната добивка, Ѓурчески.
СРЕЌНИОТ МАРИБОР ДАДЕ ГОЛ ВО 90+2 МИНУТА
Откако ливчето било уплатено, следуваат возбудувањата. На мечот Ленс – Дижон (1:1), гол паѓа во 86 минута за да биде „гол-гол“, а потоа драмата е Олимпија – Марибор. Гостите успеаа во 90+2 минута да дадат гол за 1:1 и тој меч заврши „гол-гол“, играта која била на добитниот тикет.
„За да се погоди еден ваков тикет потребно е знаење, но секако дека е потребна и среќа. Французите дадоа гол пред крај, а Марибор дури во судиското продолжение погоди и останав во игра. Последен меч ми беше тоа да победи Ривер плејт. Аргентинците дадоа гол во 65 минта за 1:0, но беше неизвесно до крајот. Дури во судиското продолжение, Ривер даде уште два гола и стигна до триумф од 3:0, а тоа значеше дека имам добитен тикет“, објаснува Ѓурчески.
Вкупниот погоден коефициент на добитниот тикет е 2.805,37, па освен скутерот, на Љубомир му донесе и добивка од 88.369 денари со само 30 вложени денари. Добитниот тикет може да го видите ТУКА.
„Играм често и тоа секогаш е во Sport Life. Моите тикети се со мали уплати, а имам најразлични видови на игри. Некогаш бркам изненадувања, некогаш играм на голови, а најважно е што е ова еден вид на занимација. Јас многу одамна сум поврзан со фудбалот и затоа сакам да го следам“, открива Ѓурчески, кој вели дека е навивач на Црвена Ѕвезда.
КОЈ ИГРА МОЖЕ ДА ДОБИЕ
Добитното ливче на Љубомир значело и тоа дека Живко Маркоски, кој во поголем дел од периодот додека траеше „Лето на тркала“ беше лидер, на крајот падна на второто место и мораше да се задоволи со велосипедот Specialized Sirrus Hybrid.
„Секако дека бев малку разочаран бидејќи во последниот ден ја загубив челната позиција. Сепак, тоа е игра. Кој игра може да добие, па затоа и му честитам на Љубомир. Нека му е со среќа. Ако не играш, не можеш да добиеш. Јас редовно играм и тоа само во Sport Life обложувалници, бидејќи тука има најголема понуда на игри, а постојано има и нови изненадувања“, вели Маркоски.
Иако во „Лето на тркала“ за малку му избега главната премија, Маркоски вели дека низ годините имал многу среќа.
„На Бинго имам добиено автомобил. Потоа добив уште еден автомобил на грепка. Едноставно имам среќа во вакви игри и затоа сакам да бидам дел од нив. Повторно ќе повторам, кој игра има шанси да добие“, вели второпласираниот Живко.
Во Топ 3 во „Лето на тркала“ се најде и Зоран Димовски. Тој е освојувач на електричен тротинет MI M365. Зоран не беше во можност лично да го подигне тротинетот, па тоа наместо него го стори неговата сопруга Менка. Со Зоран се слушнавме телефонски, а тој вели дека Sport Life секогаш знае убаво да го изненади.
„Секој што игра очекува да биде дел од најдобрите. Откога постои Sport Life, редовно уплаќам таму. Пред две години, благодарение на мојот баџанак Дарко Мицевски кој ја освои премијата од Sport Life, бевме и дел од Европското фудбалско првенство за млади во Полска, кога играше и Македонија. Најчесто имам фиксови, што се вели стара школа 1Х2 како што порано беше Спортска прогноза. Преферирам да играм на мечеви од посилните лиги и екипите кои ги познаваме, но знам да ставам и тикет и со не многу познати клубови“, вели Зоран, кој додава дека тротинетот ќе го остави на користење на неговата сопруга и на децата.
СЛЕДИ ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ ВО ТИПСТЕР КУПОТ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА „ПЕЖО 308“
Sport Life и во следниот период ќе продолжи со изненадување за сите свои играчи. Како за крај на оваа натпреварувачка сезона, следува уште финалето на Типстер купот, кој завршува на 30 јуни. Најдобриот од сите 740 финалисти во Типстер Купот ќе освои автомобил „пежо 308“, како што веќе доби Александар од Кочани, во есенската етапа од Типстер купот во организација на Sport Life.