Марибор со гол во 92-рата минута му го донесе скутерот на Љубомир кој погоди квота од 2.805

Љубомор, кој на 29 мај уплатил тикет во Тафталиџе, успеа да го погоди најголемиот коефициент од акцијата на Sport Life обложувалниците, „Лето на тркала“. Тикетот уплатен пред два дена има вкупен погоден коефициент од 2.805,37, што беше доволно да се искачи на чело на табелата, а со тоа и да стигне до скутерот кој е наменет за најдобриот.

ВО ФОТОФИНИШОТ ИМАМЕ СМЕНА НА ВРВОТ

Вкупно 13 меча има на добитното ливче од посебната понуда за „Лето на тркала“. Меѓу поатрактивните мечеви, Љубомир погодил дека Челзи ќе му даде барем два гола на Арсенал во финалето од Лигата на Европа, како и дека двата тима ќе дадат голови на мечевите Ленс – Дижон (1:1) и Олимпија – Марибор (2:1). Интересно е што Марибор постигна гол во 90+2 минута и со тоа ливчето е добитно.

Последен меч кој го чекаше Љубомор беше Суперкупот на Јужна Америка. Фикс „кец“ на Ривер плејт, а Аргентинците славеа со 3:0.

СЕ РАДУВАА И ЗА ОСВОЕН ВЕЛОСИПЕД, ЕЛЕКТРИЧЕН СКУТЕР

Освен најдобриот Љубомир, подароци ќе има и за оние кои се во топ 5. Живко кој долго време беше на врвот со погоден коефициент 1.089 си доби велосипед, додека Зоран (погоден коефициент 988) ќе вози електричен тротинет.

За Стефан (885,61 коефициент) како четвртопласиран има 200.000 поени од Sport Life маркетот, додека 100.000 поени од Sport Life маркетот доби Тошо (885,12 коефициент).

Во Sport Life маркетот во моментов тече попустот за дресови на ракометниот клуб Вардар и дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести