Најдобрите стрелци во саудиската лига се и играчи со најмногу утнати зрели шанси (Видео)

Кристијано Роналдо е водечки стрелец во фудбалската лига на Саудиска Арабија со 23 гола, но португалската 39-годишна ѕвезда исто така ја предводи и негативната листа на фудбалери со најмногу нереализирани зрели шанси во саудиската лига.

Со 20 пропуштени шанси во сезоната 2023/2024, Роналдо е на врвот на листата. Зад него е српскиот напаѓач на Ал-Хилал, Александар Митровиќ (втор стрелец во лигата), кој пропуштил 19 зицери, а ѕвездата на Ал-Етифак, Муса Дембеле, е трет со 15.

Најголемата и најскапа утка на Кристијано Роналдо сезонава не беше во саудиската лига, туку во Азиската лига на шампиони. Неговиот тим Ал-Наср беше елиминиран од Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати, а којзнае дали ќе беше така ако Роналдо ја претвореше во гол стопроцентната шанса во регуларниот дел од средбата.

- Оглас -

Најнови вести