Најдоброто од Африка доаѓа од Премиер лигата

Мохамед Салах е прв фаворит за наградата најдобар фудбалер на Африка за 2018 година, а конкуренција му се уште двајца играчи што настапуваат во Премиер лигата.

Извонредниот напаѓач на Ливерпул веројатно ќе биде фудбалскиот крал на својот континент, а во конкуренција се и неговиот соиграч Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг.

Африканската фудбалска конфедерација ќе го организира изборот, а свеченоста ќе се одржи на осми јануари во Дакар.

Интересно е што во конкуренција беа 34 фудбалери, но во потесен избор се случи реприза од лани, кога Салах, Мане и Обамејанг влегоа во најтесниот круг на кандидати, а признанието му припадна на Салах.

Слично сценарио се очекува и сега бидејќи Египќанецот е апсолутен фаворит за нова награда.

- Оглас -

Најнови вести