Најевтиниот билет за дербито на ЛА е 1.200 долари, најскапиот чини 28.000 долари

Само два дена по смртта на Коби Брајант, во Лос Анџелес требаше да се игра големото градско дерби меѓу Лејкерс и Клиперс. Ова е дуел на двата најдобри тима на Западот, што доволно зборува за атрактивноста. Сепак, по смртта на Брајант, овој дуел доби дополнителна тежина.

Тоа ќе биде прв меч за Лејкерс по смртта на еден од најголемите играчи во историјата на клубот и единствен во чија чест се повлечени два дреса (со броевите 8 и 24). Поради фактот дека во ЛА лејкерс уште владее потиштена атмосфера, од клубот побараа, а челниците на НБА одобрија дуелот да се одложи, а дополнително ќе се знае кога ќе се игра.

Сепак, уште пред да биде одложена средбата, билетите за овој дуел достигнаа рекордна цена. На интернет-страницата LA Lakers Ticketsexchange беше објавено дека влезницата која нуди најлош поглед и која вообичаено чини 84 долари, за градското дерби сега се продава по цена од 1.200 долари. Тоа е место кое е на врвот од „Стејплс центарот“ и дури не може убаво да се забележи што се случува на теренот.

Ако тој билет за „кровот“ на салата чини 1.200 долари, една влезница за место покрај самиот терен достигна цена и до 28.050 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести