Галатасарај со многу среќа се пласираше во полуфиналето во Купот на Турција, иако денеска загуби со 4-2 од второлигашот Хатајспор во реванш-мечот. Турскиот гигант оди понатаму благодарение на победата од 2-0 во првиот меч и со вкупен резултат од 4-4, но поради повеќе голови дадени на гости, гигантот од Истанбул оди понатаму.
Фаворитот водеше на полувремето со 1-0, а на почетокот на вториот дел поведе и со 2-0, но второлигашот не се предаде. Од 59-тата минута започна пресвртот на Хатајспор. Со два гола од пенал на Карадениз, стигна до 2-2, а потоа Ајдин даде гол за 3-2 во 79-тата минута.
Моментот кој ќе остане за дискусија се случи во 87-мата минута, кога голманот на Галатасарј си постигна автогол. Домаќините беа во напад по левата страна, а топката одеше кон гол-аут линијата. Домашниот фудбалер успеа да центрира кон голот на гостите, а потоа се случи комична ситуација. Голманот на гостите требаше лесно да ја прифати топката во своите раце, но таа „му избега“ од рацете, му помина меѓу нозете и заврши во голот.
Главниот судија првично покажа дека е гол-аут и дека топката излегла од теренот пред да се случи нафрлувањето. Сепак, по неколку минути консултација со судиите кои беа во ВАР-собата, арбитерот ја поправи својата одлука и досуди гол за Хатајспор.