Најголемото трансфер промашување во Реал Мадрид не планира да мрдне од клубот

Реал Мадрид низ својата историја има голем број на промашени трансфери, но се чини дека најголемото од нив е Еден Азар.

Белгијанецот кој што беше платен цело богатство, не покажа ништо од потенцијалот што го поседува, но, не планира да си замине од клубот.

„Планирам да останам и да се борам за место и следната сезона. Реал Мадрид е најголемиот фудбалски клубна планетава и чест е да се носи овој дрес“ изјави Азар.

Предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се очекува да му даде шанса за утрешниот меч против Кадис кој што нема никакво резултатско значење бидејќи од поодамна овој клуб ја освои титулата во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести