Најисклучуваниот играч во турската лига не издржа ни една минута – Веднаш почна да тепа и доби црвен картон во 36. секунда (Видео)

Бразилецот Бајано Фабрицио доби црвен картон во 36-та секунда од мечот меѓу Ризеспор и Фенербахче, што е едно од најбрзите и најбизарни исклучувања сезонава.

Бразилецот уште не се загреа како што треба и веднаш направи груб фаул во дуелот со Мигел Креспо, а потоа во кавгата го удри со лактот и Мин-Џае Ким, па веднаш доби црвен картон.

https://twitter.com/Kaan_turk_footy/status/1517557954123374597?s=20&t=qSLIlDkJ6FTaQzI2kV4uHQ

 

Бајано е најисклучуваниот играч во турската Прва лига сезонава и ова му е четвртиот црвен картон на 28 натпревари колку што играше за Ризеспор.

Фенербахче многу брзо ја искористи предноста од фудбалер повеќе на теренот и со головите на Диего Роси во деветтата минута и на Сердар Дурсун од пенал во 48. и 54. минута води со 3:0 по првото полувреме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести