„Најки“ е најконкретен – Дончиќ ќе лета со „џорданки“ за 100 милиони евра

Лука Дончиќ ќе потпише договор со „Најки“ во траење од пет години за вкупна сума од 100 милиони евра. Досега 20-годишниот Словенец немаше договор со ниту една компанија за спортска опрема.

Словенецот со игрите што ги прикажува во НБА станува една од најголемите светски спортски ѕвезди, па и интересот за него беше огромен.

„Најк“ беа најбрзи и Дончиќ наскоро ќе потпише милионски договор. Лани репрезентативецот на Словенија беше прогласен за најкорисен млад играч во НБА-лигата, а според тоа како игра годинава, тој е сериозен конкурент за наградата МВП во регуларниот дел.

Моментно Лука не игра поради повреда на глуждот, но се очекува да се врати на паркетот на почетокот на следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести