Најконтроверзната одлука на „Ролан Гарос“ сезонава (Видео)

Данскиот тенисер Холгер Руне се пласира во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ по тешката победа остварена во пет сета против Франциско Черундоло. Руне победи со 7:6, 3:6, 6:4, 1:6, 7:6, а мечот го одбележа една контроверзна судиска одлука.

Во третиот сет, кога Черундоло сервираше за да израмни на 2:2 во гејмови, Руне предоцна стигна да одбрани еден форхенд. Топката двапати падна, а дури потоа Руне успеа да удри со рекетот.

Черундоло беше подготвен да финишира со поен, но јасно му беше дека претходно топчето двапати падна и веќе го има освоено поенот, па едноставно застана. Сепак, судијата Кадер Нуни донесе контроверзна одлука бидејќи оцени дека топчето не паднало двапати на земја.

Не само што Черундоло не го освои поенот кој беше негов, туку судијата и го казни аргентинскиот тенисер со одземање на еден поен поради неговата реакција.

„Ова е крајно контроверзна одлука! Очигледно беше дека топчето двапати удри на земја. Не ми е јасно зошто го продолжи поенот, кога веќе топчето двапати удри во земја“, Аргентинецот го прашуваше судијата, кој немаше многу разбирање и остана на својата првична одлука.

- Оглас -

Најнови вести