Најкорисната кошаркарка во ВНБА лигата, пристигна во Скопје!

Кошаркарката која една од најдобрите на светот во моментов, и актуелна МВП на регуларната сезона во ВНБА лигата за 2021 година, Џонкел Џонс, рано утрово пристигна во Скопје, каде што утре како натурализирана репрезентативка на Босна и Херцеговина, ќе игра против Македонија во квалификациите за ЕП 2023.

Џонс завчера против Белгија, која важи за една од подобрите европски репрезентации, имаше монструозни 44 поени и 22 скока, и беше најзаслужна за триумфот на Босанките.

Македонскиот национален тим со убедлив пораз од Германија ги почна квалификациите, шансите за победа над БиХ се сведени само на теорија, но во нашиот табор посакуваат да играат Девана Бонер и Ивана Кметовска, па на гостинките да им се даде посилен отпор.

Средбата Македонија – БиХ се игра в недела од 19 часот во СРЦ Кале, а влезот е слободен, со забелешка дека сите посетители ќе мора да се придржуваат согласно со протоколот на КФСМ за одигрување на официјални натпревари во затворен простор.

- Оглас -

Најнови вести