Најлошиот голман на светот за прв и последен пат ќе брани за новиот клуб

Лорис Кариус ќе биде во интересна ситуација и вечерва за прв и последен пат ќе брани за Унион Берлин, клуб кој го зеде на позајмица од Ливерпул.

Еден од најлошите голмани на светот, што е голем киксер, ќе добие шанса вечерва од 20.45 часот да биде на голот на Бундеслигашот во дуелот со Падерборн во меч од Германскиот куп, а потоа, според најавите, ќе му заврши позајмицата и нема да биде продолжена.

Кариус стана познат по двата големи кикса во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога бранеше за Ливерпул против Реал Мадрид и беше директен виновник за поразот на англискиот клуб со 1:3.

Потоа му беше позајмен на Бешикташ, каде што настапуваше до почетокот на оваа година, но и таму имаше неколку кардинални грешки, па замина на нова позајмица во Унион Берлин. Клуб за којшто ќе дебитира вечерва од 20.45 часот против Падерборн и потоа речиси сигурно и ќе се прости од соиграчите и ќе му биде вратен на Ливерпул, со кого има договор на уште една година.

 

- Оглас -

Најнови вести