Најлуд обид да се измами судијата: Сакаа да го спасат соиграчот да не добие црвен со замена на друг фудбалер (Видео)

На дуелот од Купот во Бразил меѓу Сао Раимундо и Криузеиро беше забележан еден ретко виден потег. Играчите на Крузеиро се обидоа да го измамат судијата, кој беше беше решен да му покаже црвен картон на еден фудбалер.

Еду е играчот кој направи остар старт и сите знаеја дека тоа ќе биде доволно за да биде испратен предвреме во соблекувалната, затоа што и претходно имаше еден жолт картон. Фудбалерите на Крузеиро се решија очајнички да му помогнат на Еду, па додека тој лежеше на теренот, судијата беше опкружен од неколку фудбалери, а еден друг легна на тревата, во обид да направи замена.

Сепак, судијата внимателно ја следеше ситуацијата, брзо реагираше и ја откри измамата на играчите на Крузеиро, па не дозволи друг играч да биде санкциониран.

 

- Оглас -

Најнови вести