Најневеројатниот меч го одиграа поранешните европски прваци со резултат 5-5 (Видео)

Во вечерта посветена на Лигата на шампионите и дуелите како што беа ПСЖ – Ливерпул и Тотенхем – Интер, ретко кој забележа дека синоќа се одигра можеби и највозбудливиот меч за оваа година во Европа. Да биде се во рамките на Лигата на шампионите, на мегдан беа два поранешни европски владетели. Астон вила беше домаќин на Нотингам форест во меч од Шампионат лигата на Англија.

Нотингам форест е двократен европски првак од 1979 и 1980 година, а Астон вила на фудбалсиот кров на Европа се искачи во 1982 година. Синоќа овие два клуба направија шоу на „Вила парк“. Мечот заврши 5-5, а имаше и два поништени голови и плус еден црвен картон.

Нотингам за 6 минути поведе со 2-0, но Астон вила веќе во 14-тата минута изрмани на 2-2. Повторно гостите дадоа гол, а Астон вила израмни на 3-3, што беше резултат по првиот дел. И во второто полувреме Нотингам форест прв даде гол и поведе со 4-3, а Астон вила израмни на 4-4 во 71-вата минута. Четири минути подоцна, домаќините за првпат поведоа, и тоа со 5-4, но тоа не беше крајот. Во 82-рата минута гостите погодија за 5-5.

https://youtu.be/A9NlVx4zIrQ

- Оглас -

Најнови вести