Најневеројатниот пенал реализиран откако топката „падна од небо“ (Видео)

Мечот во Колумбија меѓу екипите на Сан Винсент де Чучури и Консија го одбележа неверојатниот пенал кој беше реализиран. Ова беше меч од локалниот Куп, а откако по 90 минути беше нерешено, победникот мораше да се добие со изведување на пенали.

При резултат 3:2 за гостите, во четвртата серија домашниот играч шутираше силно по средината, а голманот одбрани и топката заврши во пречката па потоа и високо во воздух. Додека голманот одеше да се тргне од голот, топката падна директно на неговиот грб и потоа заврши во мрежата.

Според правилата, тој гол е регуларен и признаен е како погодок од пенал. За среќа на гостите, токму несреќниот голман во петтата серија успеа да погоди и да донесе победа на неговиот тим.

https://twitter.com/i/status/1691373704482058240

 

- Оглас -

Најнови вести