Најпознатата голферка се омажи со син на НБА-икона (Фото)

Најпопуларната жена во светот на голфот Мишел Ви стапи во брак со актуелниот директор на НБА-тимот Голден стејт вориорс, Џони Вест, кој е син на кошаркарската легенда Џери Вест, чија сенка е во амблемот на лигата.

Свадбената церемонија се одржа во Беверли Хилс во Лос Анџелес, а младоженците ќе живеат во Сан Франциско, каде што Вориорс ќе играат како домаќини во иднина, откако се преселија од Оукленд.

Меѓу гостите имаше многу познати ликови од светот на спортот. Од женска страна дојде и тенисерката Еужени Бушар, додека од кај Вест беа тројца истакнати кошаркари на Воините: Стеф Кари, Андре Игудала и Дрејмонд Грин.

 

- Оглас -

Најнови вести