Најпријатното изненадување во Франција повторно победи и тоа убедливо на гости

Фудбалерите на Брест продолжуваат со одличните игри во француското првенство, откако убедливо со 3:0 победија на гостувањето кај Стразбур. Ова беше меч од 23 коло во шампионатот, а Брест уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот.

Махди Камара е херојот на Брест, постигнувајќи хет-трик. Играчот за врска прво погоди во 33 минута, а седум минути подоцна зголеми на 2:0. Комплетирањето на хет-трикот се случи во 60 минута кога камара погоди од пенал, а Стразбур немаше шанси да се спаси од четвртиот пораз во низа во првенството.

Брест сега има 43 бодови, четири повеќе од третопласираната Ница, а потоа следуваат Лил и Монако со по 38 бодови. Неприкосновен лидер во Франција е Пари Сен Жермен со 53 бодови.

- Оглас -

Најнови вести