Најскапата дремка во светот (Видео)

Екипата на Канзас сити цели 50 години чекаше и утрово дочека да се израдува на трофејот во НФЛ-шампионатот. Канзас го освои големиот трофеј во американскиот фудбал откако во финалето на популарниот Супербол го победи Сан Франциско со 31:20.

Како што личи на финале, дуелот изобилуваше со многу неизвесност, пресврти и драматична завршница. Канзас губеше со 20:10 на неполни 8 минути до крајот, но потоа успеа да направи три тачдауни и на крајот да стигне до трофејот.

Стадионот беше преполн, се создаде неверојатна атмосфера, но и покрај тоа, еден навивач реши дека е време да поспие малку. Во текот на првата четвртина, додека најголем дел од фановите беа на нозе, навивачот кому му се дремеше, со скрстени нозе реши да одмори малку на сред мечот од Суперболот.

Суперболот е најпопуларен спортски настан во САД, а 30 секунди реклама чини околу шест милиони долари. И билетите за трибините воопшто не се евтини. За ова финале најевитниот билет беше 4.500 долари, додека најскапиот чинеше 23.725 долари.

Иако дал прилично висока сума за да биде во живо дел од финалето, навивачот имаше време и да поспие, но, сепак, се разбуди навреме за последната четвртина, кога беше и највозбудливо.

 

- Оглас -

Најнови вести