Најскапиот фудбалер во историјата на Баерн е пред трансфер во ПСЖ?

Според француските медиуми, ПСЖ како летно освежување на составот го посакува дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Ернандес. Французинот е најскапиот трансфер во историјата на Баварците бидејќи Баерн го плати 80 милиони евра на Атлетико Мадрид во 2019 година.

Ернандес оваа сезона одигра само 11 натпревари за Баерн Минхен, пред сè поради повредите.

Според „Трансфермаркет“, Ернандес во моментов вреди 50 милиони евра, а неговиот договор со Баерн е со важност до летото 2024 година и Бавараците сигурно ќе сакаат да заработат барем нешто од неговиот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести