Најскапиот фудбалер во историјата на Ливерпул го даде единствниот гол на „Енфилд роуд“, но друг беше херојот на мечот

Дарвин Нуњес се израдува на првиот погодок во дресот на Ливерпул постигнат на „Енфилд роуд“ во победата на Црвените против Вест хем од 1:0. Тимот на Јирген Клоп се намачи, но на крајот ги освои трите бода, најмногу благодарение на одличните одбрани на голманот Алисон, кој во првото полувреме одбрани пенал на гостите.

Ливерпул првпат сезонава врза две победи по ред во Премиер лигата и сега има 16 бодови во 10 одиграни средби.

Еден гол беше доволен и за Њукасл да слави против Евертон, а на дуелот Брентфорд – Челзи немаше голови. Единствен тим кој на гости се радуваше е Саутхемптон, кој со 1:0 победи на теренот на Борнмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести