19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Најскапите билети за мечот на кој Денвер може да дојде до првата титула се продаваат за 50.000 долари

Најскапите билети за петтиот натпревар од финалната серија во НБА-лигата меѓу Денвер нагетс и Мајами хит кај препродавачите чинат неверојатни 50.000 долари, пишува „Денвер пост“.

Денвер води со 3-1 во победи во серијата која се игра до четири победи и вечерва кошаркарите на тимот од Колорадо пред своите гледачи ја имаат првата меч-топка да дојдат до титулата.

„Денвер пост“ пишува дека сите влезници за вечерашниот натпревар се распродадени, додека билетите на црно се продаваат и за 50.000 долари.

„Достапни се само неколку влезници, и тоа за седишта кои се блиску до теренот и тие се продаваат до 10.000 долари. Сопствениците на билетите ќе имаат две можности, да го задржат својот билет и евентуално да бидат сведоци на историја или да ги препродадат билетите за огромна сума“, стои во текстот на „Денвер пост“.

- Оглас -

Најнови вести