10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Најслабата репрезентација меѓу првите обезбеди место на СП, шест селекции од топ-50 нема да го видат Мундијалот

Откако заврши ноемврискиот прозорец на ФИФА, познати се 42 од 48-те земји учеснички на Светското првенство 2026 година. Најслаборангирана од овие 42 репрезентации е Нов Зеланд, која на Мундијалот ќе патува како најдобра од Океанија, а она што е интересно, тие беа само втората селекција која обезбеди пласман на Светското првенство, веднаш по Јапонија, ако не ги сметаме трите земји домаќини.

Нов Зеланд е на 86-тата позиција на ранг-листата на ФИФА, а уште две репрезентации кои се над 80-тото место ќе играат на Светското првенство. Тоа се Курасао (82) и Хаити (84). Сепак, можно е уште некоја репрезентација со сличен или послаб ранг да дојде до учество на Мундијалот преку баражот.

Спротивно, најдоброрангираната репрезентација која нема да игра во САД, Канада и Мексико е Србија, која е на 37-мата позиција на ранг-листата на ФИФА. Во топ-50 се уште и Нигерија (38), Унгарија (40), Грција (46), Венецуела (48) и Костарика (49).

Сепак, и оваа листа можни се промени, бидејќи дел од репрезентациите се уште имаат шанса за пласман на Мундијалот преку баражот.

- Оглас -

Најнови вести