Најстариот дебитант во последните 20 години не дозволи Германија да биде изненадена од Оман

Четирикратниот светски првак, селекцијата на Германија минимално со 1:0 го победи Оман во последниот пријателски меч пред стартот на Светското првенство. Никлас Фулкрик од Вердер беше стрелец на голот доволен за триумф на Панцерите, и тоа во 81-вата минута.

Фулкрик во игра влезе во второто полувреме на местото на Мукоко и со тоа постави еден интересен рекорд. Со 29 години и 280 дена, Фулкрик стана најстариот дебитант во германската репрезентација во последните 20 години, а да не е голман.

Освен Фулкрик, посебно постигнување имаше и Мукоко, кој доби шанса да биде стартер и тој е најмладиот дебитант за Германија во последните 68 години. Мукоко има 17 години и 361 ден, а лекендарниот Уве Зелер во 1954 година дебитираше со 17 години и 345 дена.

Во останатите пријателски мечеви кои завршија денеска: Полска – Чиле 1:0, Турција – Шкотска 2:1, Молдавија – Азербејџан 1:2, Косово – Ерменија 2:2, Чешка – Фарски Острови 5:0, Андора – Австрија 0:1, Брегот на Слонова Коска – Бурунди 4:0, ОАЕ – Аргентина 0:5, Иран – Тунис 0:2, Узбекистан – Казахстан 2:0.

- Оглас -

Најнови вести