Најубавата тенисерка во светот стана стујардеса

Атрактивната Ежени Бушар веќе подолго време не се занимава со сериозно играње тенис, но и понатаму привлекува внимание кога ќе се појави на некој спортски настан. Канадската тенисерка која сфати дека нема квалитет за големи дострели во професионалниот тенис реши дека е време да ја смени професијата.

Последниот меч Бушар го одигра во март, кога уште во првото коло загуби на турнирот во Монтереј во Мексико. Петтото место на ВТА-листата ќе остане запишано како најдобар учинок на канадската тенисерка, која сега има нов предизвик.

Бушар беше промовирана како стујардеса на канадската авиокомпанија Fly Flair Airlines.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести