Најубавите голови за Барса вечерва ги постигнаа жени (Видео)

Барса го прегази Волфсбург со 6-1 и со вкупни 10-2 од двомечот се пласира во полуфиналето на женската Лига на шампиони.

Во полуфиналето Каталонките ќе играат со Челзи, а другото полуфинале е Арсенал – Лион.

Она што вечерва посебно воодушеви во играта на Барселона беа прецизно изведените слободни удари. Клаудија Пина и особено Мапи Леон дадоа голови на кои би им позавиделе и многу машки колеги. Вечерва и машкиот тим на Барса победи, но дамите беа порасположени за постигнување атрактивни голови.

Погледнете го голот на Леон:

- Оглас -

Најнови вести