Најубедлива победа на Вардар како второлигаш, во чест на јубилејот на капитенот

Вардар славеше убедливо со 4-0 против Велешта, во меч од втората лига запад, на кој капитенот Дејан Блажевски по 150-ти пат одигра официјален дуел во дресот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

За Вардар ова е најубедлива победа откако е второлигаш. Филип Петковски даде три гола, а еднаш погоди и славеникот Блажевски. После оваа победа, Вардар дојде на три бода негатива зад второпласираната Воска, која дома одигра 0-0 против лидерот Силекс.

На Истокот, се одигра дерби помеѓу Победа и Слога Виница. Гостите победија во Прилеп со 2-1 и направија крупен чекор кон пласман во првата лига, бидејќи сега Слога има четири бода плус во однос на Каменица Саса и пет бода повеќе од Победа.

 

- Оглас -

Најнови вести