Најважното „Ел Класико“ го доби Реал Мадрид, Барселона прокоцка 13 разлика и остана без европско финале (Видео)

Реал Мадрид ќе игра за рекордната 11-та европска круна против Ефес во Белград откако во шпанско Ел Класико со голем пресврт го победи вечниот ривал Барселона со 86:83.

Барселона влезе во полуфиналето како фаворит, имаше 5:1 во победи сезонава против Реал, но прокоцка предност од 13 поени и загуби.

Каталонците имаа предност од 47:34 на почетокот на третата четвртина, но сепак загубија речиси добиен меч.

Реал намали само на четири поени разлика, 50:54, потоа продолжи со одлична игра и поведе со 60:56, а потоа во последниот период поведе и со 7 поени разлика.

Драмата продолжи со пет поени по ред на Козер, а Барселона одговори со четири поени и во последната минута се влезе со предност на Реал од 80:79.

Кралскиот клуб го искористи својот напад и поведе со три поени разлика, а погоди и Барселона, но поразот беше неминовен, па 10-кратниот европски првак ќе игра со Ефес во големото финале во Белград за еврпската круна.

Фабијан Козер постигна 18 поени за Реал, Јабуселе уфрли 17 и шпанскиот гигант ќе игра за 11-та титула.

Барселона ќе бара нова шанса за третиот европски пехар во Евролигата.

Претходно со тројка на Василие Мициќ во последната секунда Ефес го победи Олимпијакос со 77:74 и ќе ја брани титулата во финале против Реал.

 

- Оглас -

Најнови вести