31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Наполи е број 1 во Европа

Наполи одлично започна во новата сезона во Серија А. По првите четири меча, актуелниот европски првак има максимални 12 бода и е единствен со перфектен биланс во домашното првенство. Наполи во сезоната 2021/22 имаше рекордни осум победи од почетокот на сезоната и сега тоа е предизвик за овој состав.

Според статистиката, Наполи го има најдобриот тим во Топ 5 лигите, барем ако се гледа кога последен пат загубиле во домашното првенство. Тимот на Антонио Конте последен пат загуби на гости од Комо, и тоа во февруари, во рамките од претходната сезона. Од тој меч досега, Наполи има 11 победи и пет нерешени.

Во Топ 5 лигите во Европа нема друг тим со ваков биланс од 16 натпревари без пораз. Долга е серијата на Наполи без пораз и на домашен терен. Последно загубија на 8 декември минатата година од Лацио со 0:1.

Следниот предизвик за Наполи ќе биде дербито против Милан на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести