Наполи е очаен во 2024 година, на два од трите меча во Серија А не успеа да даде гол

Во дерби натреварот на 22-то коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа без голови.

Со ремито, актуелниот шампион Наполи уште сега може да се прости од титулата бидејќи по 21 меч има само 32 освоени бодови, дури 21 помалку од лидерот Јувентус.

Уште еден поразителен податок за Наполи е тоа што на трите меча во 2024 година кои ги одигра во рамки на Серија А, на два не успеа да ја затресе противничката мрежа, денеска против Лацио, а пред дваесетина дена загуби со 3:0 од Торино, единствено успеаја да ја совладаат последнопласираната Салернитана и тоа со гол во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести