Наполи „го брка“ Икарди, се договори со Љоренте, но и го замоли да почека

Фернандо Љоренте се договори со челниците на Наполи и треба да потпише тригодишен договор, но ситуацијата е многу интересна бидејќи Шпанецот бил замолен да почека до петок за да се расчисти ситуацијата со Мауро Икарди. Шпицот на Интер е главната цел на вицешампионот на Италија и ако тој пристигне на „Сан Паоло“, тогаш планот Б со ангажман на Љоренте нема да се активира.

Начелно, Фернандо прифатил да потпише договор со Наполи на три години и би имал годишна плата од 2,5 милиони евра нето, со договорени бонуси како анекс во договорот во висина од 1,5 милиони евра.

Љоренте моментно е член на Тотенхем, но малку добива шанса да игра. Ако тој, а не Икарди, дојде во Наполи, тогаш и Аркадјуш Милик ќе остане во редовите на италијанскиот вицешампион, кој подготвува екипа за атака на титулата во Серија А и прекинување на долгогодишната доминација на Јувентус.

Член на Наполи од ова лето е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести