Наполи го купи Петања и го остави да ја доигра сезоната за СПАЛ

Наполи го купи Андреа Петања, но ќе го остави во СПАЛ да ја доигра сезоната во обидот да му помогне на тимот да се спаси од испаѓње.

Официјално 24-годишниот напаѓач ќе треба да му се приклучи на актуелниот вицешампион на Италија на стартот на подготовките за следната сезона.

Сличен е случајот и на Дејан Кулушевски, кој потпиша за Јувентус, но сè уште игра за Парма како позајмен играч.

Петања е еден од најдобрите стрелци во Серија А во последните две сезони. Лани со 16 гола го делеше шестото место на табелата со топ-голгетери во Калчото, а и сезонава е одличен со 8 погодоци, повеќето од половина од целиот тим на СПАЛ со вкупно 15 гола на 21 меч.

 

- Оглас -

Најнови вести