Наполи го претстави тренерот Гарсија, тој најавува дека цел им е финалето на Лигата на шампионите!

Французинот Руди Гарсија е претставен како нов тренер на Наполи, а тој најави дека со Наполитанците посакува да дојде до финалето на Лигата на шампионите и верува дека тоа е можно затоа што сезонава три италијански екипи играа во финалињата во европските купови.

На новиот тренер на Елиф Елмас позната му е Серија А, од 2013 до 2016 ја водеше Рома, а добро зборува и италијански јазик. Интересно е дека во Рома во 2016 тој беше сменет со Лучано Спалети, а сега во Наполи, Гарсија ќе го наследи Спалети.

„Не се плашам од предизвикот, тука сум за да освојувам трофеи. Имаме исти амбиции, сакаме да се бориме за врвот. Се надевам дека може да го повториме успехот во првенството, а би сакал и да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите“, вели 59-годишниот Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести