Фудбалерот од средниот ред, Коби Мејну, побарал од раководството на Манчестер јунајтед во јануари да биде испратен на позајмица во клуб каде што би добивал поголема минутажа, но неговото барање било одбиено.
Мејну е во втор план кај Рубен Аморим, а пред него поголема шанса добиваат Бруно Фернандеш и Мануел Угарте, па 20-годишниот фудбалер го загуби и местото во репрезентацијата на Англија.
Според медиумите на Островот, за Мејну има низа заинтересирани клубови кои сакаат да го ангажираат уште во јануари, а еден од нив е и шампионот на Италија, Наполи. Сепак, раководството на Црвените ѓаволи не ни размислува да го ослободи фудбалерот или да го прати на позајмица.
Мејну има договор со Манчестер јунајтед до 2027 година, а моменталната вредност му се проценува на 50 милиони евра.