Наполи и официјално има нов тренер, доаѓа од Саудиска Арабија

Нов тренер на италијанскиот шампион Наполи е Руди Гарсија. Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изненади со изборот бидејќи името на Гарсија не се наоѓаше во најтесниот круг на кандидати за наследник на Лучано Спалети.

Гарсија во Наполи доаѓа од Саудиска Арабија, тој го предводеше тимот за којшто настапува Кристијано Роналдо, Ал-Наср, но по неуспехот и испаѓањето во полуфиналето на Купот, доби отказ.

Гаријса има искуство од работа во Серија А бидејќи од 2013 до 2016 година беше тренер на Рома.

Најголемите успеси ги имаше работејќи во Франција, со Лил беше шампион во 2011 година, а со Олимпик Марсеј во 2018 година играше во финалето на Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести