Наполи како брз воз ја прегази Специја

Наполи ја продолжува трката за пласман во Лигата на шампионите, попладнево победи со 4-1 на гостувањето кај Специја, и привремено се искачи на втората позиција на табелата во Серија А, со бод повече од Аталанта, Јувентус и Милан кои имаат и меч помалку. Наполи брзо го реши прашањето на победникот, со гол на Зјелински и два на Осимен, поведе со 3-0 после 44 минути игра и си го отвори патот до триумфот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 76-та минута на местото на Дрис Мертенс, и брзо после тоа, Ирвинг Лозано го постигна четвртиот гол за Наполи.

- Оглас -

Најнови вести