25.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Наполи ќе го задржи Матео Политано и во наредните три години

Фудбалерот на Наполи, Матео Политано, го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2028 година, соопшти италијанскиот шампион.

Политано пристигна во Наполи во 2020 година на позајмица од Интер, по што клубот го откупи неговиот договор. За Партенопеите има одиграно 238 натпревари, а досега постигна 34 гола и запиша 35 асистенции.

Со Наполи освои две шампионски титули во Серија А и еден Куп на Италија, станувајќи еден од клучните играчи на тимот.

Во текот на кариерата настапуваше и за Рома, Перуџа, Пескара и Сасуоло, а за младите селекции на Италија редовно беше дел од тимот. За А репрезентацијата дебитираше во 2018 година и досега има 16 настапи со четири голови.

- Оглас -

Најнови вести