Наполи не го дава Грузиецот иако на вратата му тропнаа Кралевите

Наполи го игра најубавиот фудбал во Италија, на добар пат е да ја освои првата титула по 1990 година, а еден од најзаслужните за одличните игри е Квича Кварацхелија, кој се најде на радарот на најголемиот фудбалски клуб на светот.

Наполи во петокот го совлада Сасуоло со 2:0 како гостин, а првиот гол беше дело на Грузецот, а весникот „Ас“ пишува дека веднаш по средбата, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез го побарал претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Темата на разговорот била токму Кварацхелија,но Де Лаурентис наводно порачал дека нема цена поради која ќе се согласи да го продаде Грузиецот.

„Ас“ пишува дека Де Лаурентис, е подготвен да се откаже од најдориот стрелец во Серија А, Виктор Осимен, отколку од Кварацхелија на кого планира да му понуди нов далеку подобар договор.

Грузиецот сезонава настапи на 19 натпревари во Серија А и постигна 10 гола, а има и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести