Наполи не му дозволува на Интер да се одлепи, Лукаку по стапките на Левандовски

Наполи беше подобар од Фиорентина со 2-1, и наполитанците со новите важни три бода пак се доближија на само еден бод негатива зад лидерот Интер.

Ромелу Лукаку првпат по 25-ти јануари даде гол и стана вториот актуелен играч по Роберт Левандовски во Топ 5 лигите во Европа кој 12 или повеќе сезони по ред дава барем 10 гола.

Виолетовите постигнаа убав гол, но го претрпеа четвртиот пораз во последните пет кола и останаа седми на табелата.

- Оглас -

Најнови вести