Наполи пукаше во празно за недопирливиот капитен, Челзи понуди сума што не се одбива

Калиду Кулибали е пред трансфер во Челзи, иако од Наполи неодамна објавија дека Сенегалецот е недопирлив за сите клубови и дека ќе го задржат како капитен на екипата.

Понудата на англискиот премиерлигаш е 40 милиони евра за Наполи, и и италијанските и англиските медиуми тврдат дека ќе биде прифатена.

Кулибали имаше и понуда од Јувентус, која Наполи ја одби и објави дека стоперот не е за продажба, но понудата на Челзи не се одбива.

Најавено е дека многу брзо ќе дојде до договор меѓу челниците на Наполи и на Челзи и дека еден од најдобрите дефанзивци во Италија ќе потпише тригодишен договор со клубот од Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести