Наполи се спаси од пораз против Интер и остана во трката за титулата (Видео)

Наполи и Интер одиграа 1-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, во големото дерби кое можеше да реши многу работи околу трката за титулата. На крајот, Интер останува со бод предност во однос на Наполи, но тимот на Антонио Конте успеа да дојде до реми во финишот, и остана во трката за „скудетото“.

Филип Билинг беше стрелец на израмнувачкиот гол за Наполи во 87-та и предизвика вистинска експлозија на трибините.

Наполи заслужи да израмни во вториот дел, со оглед дека беше многу поактивен тим на теренот.

Интер дојде во водство во 22-та минута со прекрасниот гол на Федерико Димарко од слободен удар. Но, во второто полувреме гостите се определија да го чуваат резултатот и не издржаа до крај.

- Оглас -

Најнови вести