Наполи со гол во втората минута победи на „омиленото“ гостување (Видео)

Наполи и по 17 години останува без пораз на „омиленото“ гостување кај Каљари. Екипата на Елиф Елмас не само што не загуби, туку успеа со цел плен да се врати од ова гостување и да се доближи на минус шест од лидерот Интер.

Единствениот гол на мечот беше дело на Скот Мектоминеј уште во втората минута, што на крајот се покажа како доволно за нови три бода на контото на актуелниот шампион на Италија.

Елиф Елмас не доби шанса за настап на мечот против Кањари, па нашиот репрезентативец одморен ќе дојде на собирот и ќе има повеќе време да се подготви за баражот против Данска на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести